Во овој период нема опасност од болести по виновата лоза
12-07-2016 РЕГИОН

Сознанијата кои секојдневно ги добиваат  од терен самостојните референти во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Кавадарци се дека е во тек претпроследната заштита во лозовите насади. Лозарите третираат со контактни препарат заради превентива од гроздов молец.

 

                - Во овој период на високи температури нема услови за појава на болести во лозовите насади вели раководителот на агенцијата Драганчо Николов.Меѓутоа лозарите потребно е и понатаму да бидат будни и да ја следат здраствената состојба на своите насади. Во периодоот од 3 до 10 август ќе треба да следи последната заштита од гроздов молец која всушност ги прави и најголемите штети во лозарството.На пет локации во Општините Кавадарци и Росоман се поставени феромни со кои точно се следи летот на третата генерација на гроздовиот молец па нашите лозари навреме ќе бидат информирани за оптималниот рок кога ќе треба да ја извршат последната заштита вели Николов.

 

Она што е исто така многу важно за нашите лозари е Дека преку Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во општина Кавадарци  до крајот на јули ќе биде поставена  првата агрометеоролошка станица. Станува збор за современа метеоролошка станица со која најдобро ќе може да се следат климатските програми и да се информираат земјоделците навреме за температурите, влажноста на воздухот водениот талог а со тоа и прецизно да се предвидуваат можните предуслови за појава на болести инмформации кои во современиот аграр се основен предуслв за  продуктивно земјоделско производство.

 

                Од агнецијата за поттикнување на развојот на земјоделството дознаваме дека во општина Росоман во тек е бербата на сортите маја и гло хевен. Цената на ови сорти во откупните центри се движи од 20 до 30 денари по килограм што се смета за добра откупна цена. Квалитетот на откупените праски е одлиќен на сметка на намалениот род бидејќи годинава генерална проценка е дека за 80% родот кај праската е намален заради пролетните измрзнувања.

 

Mирјана Мукаетова



Додади коментар