Во Неготино ќе се прска против скакулци и комарци
09-07-2014 РЕГИОН

Масовното присуство на скакулци кои буквално ја „окупираа“ територијата на општина Неготино е топ-тема деновиве. Според сведочењето на граѓаните, скакулците ги има насекаде, по улиците, дворовите, домовите, на земјоделските површини и истите предизвикуваат вознемиреност на населението.

 Од одговорните во Ценатрот за јавно здравје од Велес  побаравме информација на што се должи масовното присуство на скакулци во неготинско. Од таму не информираа дека станува збор за марокански „ увозни“ скакулци, а не домашни, кои како резултат на обилните врнежи од дожд во јужните краишта на светот, овде се дојдени од делови на Африка.

 Вечерва од 23 часот па се до раните утрински часови ќе се врши прскање против комарци на територијата на општина Неготино, а од Центарот за јавно здравје Велес додаваат дека ќе се употребат и препарати за уништување на скакулците, со напомена дека процесот за нивното уништување ќе се одвива  потешко, па токму затоа по 21 ден ќе биде потребно да се изврши второ прскање за елиминирање на истите.

Од Центарот за јавно здравје Велес на земјоделците им препорачуваат да користат инсектицид со силно иницирачко контактно и дигестивно, но кратко резидуелно дејство кое е селективно за животните кое може да делува за уништување на скакулците. 

Маја Алексовска

 



Додади коментар