Во Кавадарци регистрирани првите четворица заболени од гриш
10-11-2014 РЕГИОН

Наглите и чести промени на времето се причина за појавата на грип. Во центарот за јавно здравје Кавадарци регистрирани се првите четири случаи на сеознски грип, ни потврди д-р Ристе Јовановски, епидемиолог.

 

Во меѓувреме откако се регистрираат првите случаи на заболени од грип во кавадаречкиот центар за јавно здравје заврши вакцинацијата против грип и се потрошени сите дози од вакцината кои беа доставени.

 

„Годинава имавме најголем интерес, вакцинирани се 770 лица. Најголем број од вакцинираните се луѓе над 65 години, потоа следуваат хронично болните лица.“ рече д-р Јовановски и додаде дека сеуште има мал интерес за вакцинација. Дневно во центарот доаѓале по околу две лица и ќе се набават дополнителни мали количини доколку има во Центарот за јавно здравје во Велес со цел сите што ќе пројават интерес да бидат вакцинирани.

A.Д

Додади коментар