Во Велес најголем број невработени се од 20 до 29 години
24-02-2014 РЕГИОН

Најмногу од невработените во Велес се на возраст од 20 до 29 години.. Ова го покажува статистиката на агенцијата за вработување.. Според последните податоци, на крајот од минатиот месец во велешкиот центар се евидентирани 822 – ца невработени. Од 20 до 24 години има 387, а до 29 годишна возраст евидентирани се 435. Сите активно бараат работа.. 

За намалување на бројот на невработени од оваа категорија, владата најави субвенционирање на фирмите кои ќе вработат млади до 29 години а се на списокот во центарот за вработување.. 

Стендап: новата владина мерка предвидува ослободување од плаќање придонеси за секој вработен под 30 години во период од 12 месеци.. Пензиското и здравственото ќе ги подмирува државата.. Фирмите ќе имаат обврска вработениот да го задржат уште најмалку една година.. 

Инаку неодамна агенцијата за вработување промовираше уште неколку мерки за младите невработени.. Им се нуди обука кај познат работодавач, практиканство, неповратен кредит за самовработување..

Според статистикитеобјавени на интернет страницата на агенцијата за вработување, нема податоци со какво образование се невработените под 30 години.. Сепак од вкупниот број невработени во градот, најмногу се со средна стручна спрема.

З.Ј

Додади коментар