Вонредна временска прогноза од метео прогнозерот Славчо Попоски

 

Во текот на денешниот петочен ден територијата на нашата држава ќе започне да подпаѓа под влијание на циклонот ЛУЦИЈАТ па така ќе започне да дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Времето ќе биде стабилно, многу топло и спарно се до доцна попладне кога атмосферата ќе се дестабилизира и ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

 

Локално процесите ќе бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, засилен ветер, силни електрични празнења и услови за појава на град.

Нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места ќе продолжи и утре (сабота) кога повторно ќе има услови за локално НЕВРЕМЕ.

 

Температурите на воздухот нема премногу да се менуваат и ќе останат многу високи и летни.

 

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја додека овчарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштита а додека трае невремето и електричните презнења препорачуваме домаќинствата да ги исклучуваат сите уреди во домот.

Додади коментар