Возило со петмина малолетници излета од мостот во Ваташа

 

Едно лице е повредено во сообраќајната незгода што попладнево околу 17.30 часот се случи на излезот од селото Ваташа кај последниот мост. Информацијата по телефон ни ја потврди самостојниот инспектор за превнција при СВР Велес, Димитар Каракулев.

 

Тој додаде дека незгодата е случена на патниот правец Кавадарци - Мушов гроб. Патничко возило „Лада самара“ со скопски таблички  управувано од седумнаесет годишник од Кавадарци движејќи се кон излетничкото место Моклиште излетало од патот во реката Луда Мара.


Возачот и останатите четворица сопатници со возило на брза помош се пренесени во кавадаречката болница каде се констатирани повреди само на возачот.

 

„Причина за незгодата е неприлагодување на брзината на движење спрема усповите на патот. Патничкото возило е со измината важност на регистрацијата , а возачот го управувал возилото пред да се стекне со право на управување на моторно возило. По овластување на Јавен обвинител од Велес, увид на лице место изврши увидна екипа на кавадаречката полиција“ ни рече во телефонски разговор инспекторот Каракулев.

 

 А.Д

 

фото: К.Ѓ

Додади коментар