ВМРО-ДПМНЕ: Кавадарчани паметат кој се бори за слободата на Кавадарци, а кој работеше на пустошење на градот
07-09-2016 РЕГИОН

Драги Кавадарчани,

Нека е честит денот кога тиквешките партизани се изборија и ни овозможија денес да живееме во слободно Кавадарци и во независна Македонија. Нека е честит денот кога 9-тата бригада, на 7-ми септември 1944 година, конечно им овозможи на Кавадарчани мир, спокој, развој и стабилност.

 

Оттогаш наваму, градот на грозјето и виното успешно помина низ многу премрежја и предизвици, храбро чекорејќи по патот трасиран од храбрите претци кои со својот живот ја гарантираа нашата слобода и иднина.

 

Денес гледаме дека нивното дело и нивната жртва вредеше. Кавадарци ја преживеа  криминалната транзиција прераснувајќи во град каде полека но сигурно приматот го презема индустријата.

 

Нашата генерација памети и гледа кој се бори за слободата на Кавадарци, а кој свевремено работеше на пустошење на градот и уништување на животот на кавадарчани. Нашата генерација памети и гледа кој ги затвораше фабриките и бркаше работници на улица, а кој отвора фабрики и го подобрува животот во Кавадарци.  Нашата генерација гледа кој се грижи вистински за лозарите, а кој сака да манипулира со нив.

 

1944 година Македонија се бореше за слобода, денес се бори за секое работно место и за просперитет.

 

Храбрите луѓе кои се бореа и го дадоа својот живот за слободата на Кавадарци со своето дело не научија како се сакаат сопствениот град и држава. Ќе продолжиме да го следиме нивниот пат, ќе продолжиме секој ден да се бориме за уште подобра и понапредна Македонија.

Да живее Кавадарци, да живее Република Македонија. - се вели во реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци на прес конференцијата на СДСМ.

Додади коментар