ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа предизборни собири во Кавадарци и Неготино
27-06-2020 РЕГИОН

Коалицијата „Обнова за Македонија“  вечерва предизборната програма и кандидатите за пратеници ги претстави пред членовите и симпатизирите во Кавадарци и Неготино.

 

„-Петнаесетти јули е денот кога масовно и гласно позади гласачкиот параван треба да зборуваме, да викаме од нашите грла најсилно што може, заокружувајќи го бројот 14 за историски најголема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за обнова на Македонија, рече во Кавадарци., лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски.  Ги критикуваше своите политички противници за лошо менаџирање со земјоделството, но и за начинот на кој се справувале со корона кризата.

Вети  дека чесно ќе работеле, а граѓаните ќе добиеле повисок стандард, подобри услови за вработувања, поквалитетно образование, но и враќање на оние кои заминале во странство . 

 

 

„Јас не сум ниту од Неготино, ниту од Кавадарци, ниту од Струмица, ниту од Гевгелија и јас не можам да се правам поголем локал патриот од било кој од вас. Големиот локал патриот во три години  мандат камен не стави во четвртата изборна единица“ рече носителот на листата во четвртата извборна единица на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.

 

Кандидатите за пратеници од Кавадарци и Неготино посочија дека доколку дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт,  лозарите и останатите земјоделци ќе добиеле вистинска грижа. 

 

„За да спасат колку можат од нечија кариера, инсистираа на избори среде пандемија, но работите на терен кажуваат дека ќе ги губат изборите. Кавадарци е бастион на ВМРО-ДПМНЕ и тоа ќе се докаже, рече Слободан Ивановски, кандидат за пратеник од Кавадарци.

 

Зоран Јованчев, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник, рече дека носителот на листа во четвртата изборна единица, Александар Николоски, на гостински терен убедливо ќе го победел Зоран Заев .

А.Д

Додади коментар