Викендов во Велес ќе се прска против комарци
20-05-2014 РЕГИОН

ЌЕ СЕ ПРСКА ПРОТИВ КОМАРЦИ.. ВО САБОТА НАУТРО ЌЕ СЕ ИЗВЕДЕ ЗАПРАШУВАЊЕТО.. ТРЕТИРАЊЕТО ЌЕ СЕ СПРОВЕДУВА АВИОНСКИ.. ЌЕ ТРАЕ ЧАС И ПОЛОВИНА - ПОЧНУВА ВО ПЕТ А ЌЕ ТРАЕ ДО 6 ЧАСОТ И 30 МИНУТИ.. СПОРЕД ПЛАНОТ, ПРЕДВИДЕНО Е АЕРОСОЛНАТА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ДА СЕ РЕАЛИЗИРА НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНАТА..

 

ОД ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВЕЛАТ ДЕКА ЗА ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ, НАДЛЕЖНИТЕ СЛУЖБИ ГО КОНТРОЛИРААТ РАСТВОРОТ СО КОЈ ЌЕ СЕ ПРСКА ПРОТИВ КОМАРЦИ И ОСТАНАТИ ИНСЕКТИ..

 

ПРЕТСТОЈНОТО ТРЕТИРАЊЕ Е ПРВО ГОДИНАВА.. ВО ЗАВИСНОТ ОД РЕЗУЛТАТИТЕ ПОСЛЕ ПРСКАЊЕТО ЌЕ СЕ ЗНАЕ КОГА И СО КАКВО СРЕДСТВО ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА И ВТОРО ЗАПРАШУВАЊЕ - ОБЈАСНУВААТ ОД ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА..

 

ИНАКУ ЛАНИ ВО ВЕЛЕС СЕ ПРСКАШЕ ДВА ПАТИ ПРОТИВ КОМАРЦИ.. ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НАЕЗДА ОД ОВИЕ ИНСЕКТИ Е НЕОПХОДНО И СОСЕДНИТЕ ОПШТИНИ ДА СПРОВЕДАТ АВИОНСКО ТРЕТИРАЊЕ.. 

 З.Јаневски

Додади коментар