Вечерва ќе се обележуваат паркинг места на улица „Илинденска“
29-08-2018 РЕГИОН

 Јавното претпријатие „Комуналец“ Кавадарци ги информира граѓаните дека  вечерва 29.08.2018 со почеток од 22 часот до 07 часот наутро, ќе се врши обележување на паркинг места на ул.Илинденска.


Се молат граѓаните најкасно до 20 часот да ги дислоцираат сите возила кои се наоѓаат на улицата се со цел непречено да се изврши обележувањето од страна на ЈП Комуналец.


Доколку не се изврши самоволно тргање на возилата од улицата ќе мораме да пристапиме со барање на сопствениците со полициска придружба односно ќе се бараат сопствениците по регистарски таблици и ќе се повикуваат да ги поместат возилата во текот на ноќните часови.

Додади коментар