Велосипедски спектакл по кавадаречките улици – балканско првенство во друмски велосипедизам
03-09-2018 СПОРТ

 

Кавадарци беше одличен домакин на балканското друмско првенство за кадети/ки и јуниори/ки во велосипедизам.

 

Во саботата се возеше хронометар од археолошкиот локалитет стоби накај Неготино. Должината на патеката варираше од возрасната граница. Потоа во саботата навечер на градскиот плоштад беше отворена оваа балканијада на која учествуваа 11 од 12 членки на оваа асоцијација. Пред присутните говореше претседателот на ВФМ Сашо Димитријоски

 

Потоа првенството за отворено го прогласи градоначалникот Митко Јанчев.

 

Вчера се возеше друмската кружна трка по улиците на Кавадарци. Должината на кругот беше 3 км а бројот на кругови варираше во зависност од возрасната граница . Еве ги и најдобрите по категории.

 

М.В

 

 

Додади коментар