Божиќна забава во мал групен дом
10-01-2014 РЕГИОН

Божиќна забава за дечињата од мал групен дом Кавадарци  организираше Центарот за социјални работи во чиј рамки функционира домот. Шесте дечиња кој моментално се згрижени во домот беа неизмерно радосни и среќни што во нивниот дом не поминува празничната еуфорија, туку напротив секој ден за нив носи ново изненадување.

 

Такво денеска им приреди директорката на центарот за социјални работи Вања Маневска која освен со божиќни пакетчиња дечињата ги израдува и со баба Мразица која пак им понуди минути за уживање, забава и дружење. Во пресрет на Новата Година повеќето хумани не заборавија на овие деца па ги посетија им го разубавија денот и им донесоа подароци.Ние нашите слатки задоволства за нив ги оставивме за денеска, за повторно празнично да можат да уживаат и да се засладуваат ни рече директорката Вања Маневска. Надополнета радоста со пакетчиња дополнитено ги мотивираше дечињата да пеат, играат и да се дружат со баба мразица која пак вели годинава нема одмор.

 

Иако сите беа еднакво радосни , причината за дополнителна радост денеска ја имаше Стефан кој со своите другари на оваа забава го прослави и именденот Св. Стефан.

 

Игра околу новогодишната елка, танцување со баба Мразица, песни, радост без граница и штедење, насмевки, прегратки, тоа на забаваата денеска ни понудија овие шест дечиња ок кој ја добивме и најубавата празнична честитка.

М.М

 



Додади коментар