Бесплатна обука по информатика за деца од социјално ранливи семејства во Кавадарци
26-11-2019 РЕГИОН

Одлуката донесена на Совет за бесплатна обука по информатика, веќе се реализира. Обуката започна на 12.11. 2019 година и се опфатени деца од 5то и 9то одделение од социјално ранливи категории од ООУ Страшо Пинџур, ООУ Димката Ангелов Габерот Кавадарци и подрачното училиште во с.Сопот.

 

Истиот се одвива два пати неделно во кабинетот по информатика при ООУ Димката Ангелов Габерот Кавадарци во времетраење од еден работен час , а за учениците од с.Сопот во училиштето. Обуката е планирана да трае 28 часа, односно крајот на февруари или почетокот на март. Ментор на проектот е профeсор Гордана Мицева - информираат од локалната самоуправа.

Додади коментар