Археолошки истражувања во некрополите на „Мали дол“ во Тремник
24-07-2018 КУЛТУРА

 

Летниот период е иделен за археолошки ископувања и за посети на локалитети, посебно за љубителите на археологијата. Општинската установа Музеј на град Неготино во соработка со НУ Археолошки Музеј на Македонија ги започна археолошките ископувања на локалитетот “Мали Дол“ во с.Тремник, општина Неготино.

 

Стручната екипа е во состав: д-р Александра Папазовска, виш кустос за железно време од НУ Археолошки Музеј на Македонија, воедно и стручен раководител на истражувањата, д-р Фаница Велјановска, антрополог, кустос-советник во НУ Археолошки Музеј на Македонија, Александра Чевревска, археолог-кустос во НУ Археолошки Музеј на Македонија и Костадинка Филипова, археолог-кустос во ОУ Музеј на град Неготино.

 

Ископувањата спроведени во рамки на истражувачкиот проект Археолошки истражувања на Мали Дол, с.Тремник во континуитет се одвиваат од 2009 година до денес како резултат на соработката помеѓу Археолошки Музеј на Македонија и ОУ Музеј на град Неготино.

 

Во рамки на овие археолошки ископувања откриени се вкупно 77 погребувања, пронајдени се голем број на бронзени игли, дел од накит – ѓердан, комбиниран со килибарни перли, разни керамички садови како урни, кантароси и други керамички и метални предмети, сместени во два хоризонта на погребување (две некрополи).

 

Првата (постарата) е составена од погребувања кои датираат од доцното бронзено време (крајот на XII век п.н.е.) и преодниот период од бронза во железно време (XI – X век п.н.е.), а втората е претставена со погребувања од средниот век (XI – XIII век н.е.).Оваа приказна е преточена во Археолошка Изложба “Некрополите на Мали Дол“, с.Тремник, Неготинофинансирана од страна на Министерството за култура на Р.Македонија според програмата за проекти од национално значење, која е најавена да се случи во септември 2018 година во Изложбениот салон на Општинската Установа Музеј на град Неготино

 

Додади коментар