Автомобил „влетал“ во пазарот во Неготино

Ноќеска , двајца млади неготинци со својот автомобил „ влетале “ во градскиот пазар во Неготино, при што се оштетени тезги .

 

 

Од СВР Велес го потврдија настанот и нагласија дека се води како сообраќајна незгода со материјална штета.

„ Како последица на недржење правец на движење,  возилото излегло надвор од улицата и удрило во тезгите “ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

 

Од полицијата не откриваат повеќе детали за овој сообраќаен инцидент.

 

Пред неполн месец,  исто така во Неготино, со автомобил беше влезено во излог од продавница.

 

А.Д

Додади коментар