OK ВМРО-ДПМНЕ со одговор на денешната прес конференција на ОО СДСМ Кавадарци

Eдинственото злосторничко здружение во Република Македонија се вика СДСМ, партијата која е одговорна за пустошот кој го создаде во Република Македонија.

Избрка 200.000 луѓе на улица, затвори 684 фабрики, не донесе ниту една странска инвестиција, не делеше субвенции за земјоделците, не изгради болници и не набавуваше болничка опрема, не се правеа автопати, не се градеа школи, игралишта, градинки, студентски домови. СДСМ само ја задолжуваше Македонија а тие пари исчезнаа во воздух, но граѓаните ги враќаат во повеќе од 40 кредити и ден денес. Тие се делата на Злосторничкото здружение СДСМ.

 

Сега истото здружение откако беше фатено по стотти пат во лага, откако пропадна и најголемата манипулација на СДСМ за наводните „фантоми“ во избирачкиот список кои им ја краделе победата, разбирлива е паниката, очајот и ваквите трагикомични изливи на емоции од страна на СДСМ.

Само за потсетување, фантом во Кавадарци е претседателот на СДММ. Рамо до рамо со Макрадули, Шекеринска, Гордан Георгиев, Ханџиски и останатите илјадници и илјадници т.н. фантоми. Нема веќе оправдувања, нема веќе изговори. СДСМ за својата катастрофална состојба е виновен самиот. И никој друг.

 

Како да се сфати сериозно политичка партија на која и пречи што боите на таблите за означување на институциите биле исти со боите на таблите за означување на месните комитети, притоа заборавајќи кои се боите на македонското државно знаме?

Како да се сфати сериозно партија која сака да и влезе дома на граѓаните и да ги отстранува таблите кои тие си ги поставиле, бидејќи на СДСМ му сметаат црвената и жолтата боја?

Како да се сфати сериозно партија која сака да ги забрани црвената и жолтата боја во Кавадарци?

Одговорот е: никако. Затоа СДСМ е во опозиција 10 години и нема да мрдне од таму уште долго, долго време. 

 

Народот не живее во соопштенијата на СДСМ, туку во реалниот свет во кој Владата на ВМРО-ДПМНЕ секој ден се обидува да ја направи Македонија подобро место за живеење.

ВМРО-ДПМНЕ отвори 150.000 нови работни места, донесе повеќе од 50 директни странски инвестиции, вложи стотици и стотици милиони евра во земјоделието, здравството, инфраструктурата, ја намали невработеноста на рекордно ниско ниво.

Кавадарци е општина каде што невработеноста е меѓу најниските во Република Македонија и споредено со 2005 година, бројот на вработувања е зголемен за 9.764 работни места. Од нив околу шест илјади лица се вработени во “Дрекслмаер”, а има вработувања и во други фабрики, домашни и странски.

Од времето на СДСМ, Кавадарчани не паметат странска инвестиција, тие паметат само како се затвараа домашните фабрики и како функционерите на СДСМ се богатеа.

Затоа на СДСМ му следува уште една казна. Десетта по ред.



Share

Додади коментар