Oд полноќ поскапува бензинот БС-98
18-11-2013 ЕКОНОМИЈА
За половина денар од полноќ поскапува бензинот БС-98, а цената на дизелот и бензинот БС-95 останува непроменета. Вака одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на БС-95 останува 76,50 денари за литар, додека дизелот и понатаму ќе се продава за 68,50 денари. Цената на бензинот Еуросупер БС-98 се зголемува за половина денар и ќе се изнесува 78,50 денари.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за половина денар и ќе изнесува 57 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,346 денари за килограм и изнесува 39,803 денари за килограм.

Додади коментар