На 19.12.2023 во 21.05 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Г.Ц.(43) од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна сопруга дека го малтретирал целото семејство, а посебно нивната малолетна ќерка на која и упатувал и закани. Тој е задржан во полициска станица, за настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 20.12.2023 во 03.00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Ѓ.Т.(54) од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 28-годишен син дека во семејната куќа го вознемирувал целото семејство и им се заканувал. Тој е задржан во полициска станица, за настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.12.2023 во 10.50 часот на Градски пазар во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода И.Ќ.(69) од Велес. При извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени вкупно 1.115 парчиња разновидни пиротехнички средства. Тој е приведен во полициска станица, известен јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.12.2023, при преглед на тезга на Градскиот пазар, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес кај Ц.З.(62) од Велес пронашле и одзеле 300 парчиња пиротехнички средства. Со лицето бил извршен службен разговор во Полициската станица Велес и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава
Додади коментар