Mалолетници од Неготино снимале малолетничка додека ја допираат
31-07-2019 ЦРНА ХРОНИКА
На 05.07.2019 на Градскиот базен во Неготино двајца малолетници на 15-годишна возраст нападнале 13-годишно девојче од Неготино и ја пипкале по телото. Целиот настан е снимен од малолетник со мобилен телефон, кој потоа снимката ја праќа на други лица. Родителите на девојчето случајот го пријавиле на 25.07.2019 во полициска станица.
Во присуство на стручен тим од Центарот за социјални работи, адвокат и родителите извршен е разговар со малолетниците и одземени им се мобилните телефони за вештачење. По дадените наредби од Основното Јавно Обвинителство – Велес се работи на расчистување на случајот - информираат од СВР Велес.
Додади коментар