KK “Фени“ со три странски засилувања
09-08-2016 СПОРТ

Љупчо Малинков , шефот на стручниот штаб на Фени Индустри иако летово имаше полни раце работа воглавном заради репрезентативните обврски како селектор сепак одлично си ја сработил и домашната работа кога матичниот негов клуб е во прашање.


Николовски , Петровски , Марковски , Стајиќ , Пајиќ , Милков , Кицев , Китев и уште по некој надежен кавадаречки кошаркар се дел од домашниот ростер кој може да се оцени како солиден, До почетокот на новата сезона нема да не изненади доколку клубот потпиеше со уште некој проверен домашен кошаркар доколку се укаже таква можност.


Но Малинков сериозно ги следеше и слободните странци кои на некој начин му се потребни за квалитетен ростер за сезоната што претстои. Па така слободно можеме да обелодениме дека кавадарчани веке потпишаа со тројца интернационалци. Првиот е американецот Џефери Мос (Јефферѕ Мосс) кој доаѓа од Мареј колеџот. Роден е 1993 , висок 193 цм и одлично се снаоѓа на позициите 1 и 2. Изминатата сезона имаше просек од 14,2 коша по натпревар. Вториот странец е црногорскиот крилен центар Вукота Павиќ . Роден е 1993 и висок 203 цм. Има настапувано за екипите на Морнар и Сутјеска во Црна Гора , за Балкан во соседна Бугарија а во Кавадарци доаѓа од редовите на Зрињски од Мостар.


И третиот странец е грузиецот Гиорги Шарабидзе. Тој игра на позицијата центар, висок е 210 цм, а роден е 1990 год. Настапувал за екипите на Паувер Електрик , Валенсија Баскет , Мгзавреби а минатата сезона ги бранеше боите на Динамо од Тбилиси.
Опциите за останатите странци се отворени па затоа можеме да кажеме дека Малинков сеуште не завршил со пазарувањето. Инаку подготовките на нашиот тим за претстојната сезона стартуваат утре од 18.00

 

Мики Виденовиќ

 



Share

Додади коментар