Kривична пријава за кавадарчанец поради лихварство

Одделението за внатрешни работи Кавадарци поднесе Кривична пријава против М.Ф.(65) поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „лихварство“, казниво по чл.260 од Кривичниот законик на РСМ.

 

Пријавениот на 25.01.2020 на лицето Х.С.(44) од Кавадарци му дал пари на заем со цел да се стекне со несразмерна имотна корист. За 30.000 денари му барал камата од 12.000 денари месечно, а досега наплатил околу 20.000 денари како камата, а на 22.05.2020 му барал уште 16.000 денари - информираат од СВР Велес.



Share

Додади коментар