20 години од смртта на етно-музикологот Александар Линин
13-09-2018 КУЛТУРА

  

 

Кавадарци денес одбележува 20 години од смртта на етномузикологот Александар Линин, кој за време на својот живот собрал околу три илјади народни песни и ора. Според историчарот Петре Камчевски, Линин е еден од највредните и најголемите етномузиколози во Македонија.

 

   -Роден бил во Кавадарци во 1908 година. Завршил основно училиште во родниот град, студирал на Техничкиот факултет во Белград и дипломирал на Природноматематичкиот фаултет во Загреб. Линин бил еден од основачите на културно-просветното друштво “Бардар“ на македонските студенти и активно соработувал со списанието “Наш весник. По војната завршил и Педагошка академија, група музика во Скопје, вели Камчевски.

 

   По ослободувањето бил професор по математика во Кавадарци, а по заминувањето во главниот град, работел како музички уредник во Радио Скопје. Бил раководител на одделот за народна музика во Институтот за фолкор во Скопје. Докторирал во 1977 година на Факултетот за музика и драмска уметност во Скопје, на тема “Односот помеѓу македонскиот стих и напев“.

 

   Камчевски како хроничар на Кавадарци, нагласува дека Линин објавил голем број на трудови и книги, меѓу кои “Народните музички инструменти во Македонија“ ,“ Македонските инструментални орски народни мелодии“, “Македонскиот стих и напев“ и други.

 

С.Д



Share

Додади коментар