Уште едно намалување на каматите на штедните влогови

До крајот на годинава може да се очекува уште едно намалување на каматите на штедните влогови, најави денеска претседателот на Здружението на банкарство, Ѓорѓи Јанчевски, на пресконференција во Стопанската комора на Македонија.

Тоа би се случило како резултат на ликвидноста на банките, која годинава се зголемила само за еден процент

На намалување на каматите влијае и политиката на Народната банка на Македонија (НБРМ) со која постојано се намалува референтната каматна стапка и каматната стапка на благајничките записи.

Падот на каматите на девизните депозити е резултат и на трендот на пад на каматите во странство, каде што референтната стапка на Европската централна банка изнесува 0,5 проценти.

Годинава, како што тој, забележан е пораст и на кредитирањето, кај населението за 6 проценти, а кај претпријатијата за еден отсто.



Share

Додади коментар