Поради актуелната состојба со пожарите на отворено и шумските пожари, како и подолгорочната временска прогноза според која тропски температури ќе го одбележат ова лето, постои сериозна закана од настанување и ширење на пожарите кои можат да предизвикаат големи материјални штети па дури и човечки загуби.
Затоа СВР Велес апелира до граѓаните за посебно внимание при престој на отворено за да се избегне опасноста од предизвикување на пожари од невнимание, потоа внимателно и совесно однесување во близина на шумски предели при палење скара, фрлање на отпушоци или фрлање на лесно запаливи отпадоци, како и доследно почитување на целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште, и тоа секој ден во периодот од 00.00-24.00 часот, која започна да важи од 11.07.2024 година.
МВР - СВР Велес упатува апел до граѓаните за навремено пријавување на било какви појави на несовесно однесување од страна на граѓани, со што би се загрозила безбедноста на подрачјето или на било каков начин би предизвикале или придонеле кон предизвикување на пожар, а брзата и ефикасна реакција од страна на граѓаните би овозможила и навремена и брза реакција на надлежните институции.

Додади коментар