Самостојна изложба на Ристо Соколов-Сокол
07-09-2013 КУЛТУРА

Шеесетина дела од последниот творечки циклус на академскиот сликар Ристо Соколов Сокол синоќа беа изложени во Локалната Музеј Галерија во Кавадарци. Човекот за кој се зборува гласно и надвор од Македонија пред празнично на културната публика и го понуди својот последен труд. За него како за човек со длабока уметничка душа кој со уметноста е присутен и по галерии,изложбени салони, ресторани и кафетерии говореше директорот на Музеј галеријата Петре Камчевски.

Идеалот на Сокол е во неговите дела рече пред присутните претседателката на кавадаречкиот совет Горица Пеливанова Вилхелм.

„За Ристо можеме да зборуваме сите. Тој живее за Кавадарци и за уметноста, но јас научив како тој дише и како постои за создавање уметност“ истакна ликовниот уметник и професор Ванчо Кеков.

„Живеам за уметноста и постојам неа да ја предадам на оние кој ја чувствуваат“ се обрати пред публиката авторот на изложбата Ристо Соколов Сокол.

М.М

 



Share

Додади коментар