Пронајдена мртва жената по која се трагаше

Вчера во СВР Велес е пријавено дека околу 17.00 часот, на место викано „Љубаш“, во лозов насад, пронајдена е почината М.Д.(73) од нас.Глишиќ, кавадаречко, претходно пријавена како исчезната. Лекар од Итна медицинска помош од Кавадарци констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено за обдукција во Институт за судска медицина –Скопје. Бил извршен увид на местото на настанот - информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

 

Најблиските од семјеството трагаа по неа од 9 март.   

На денот на исчезнувањето Маре била заедно со својата ќерка во банка во градот. Додека ќерката потпишувала документи во просториите на банката, таа излегла надвор и заминала во непознат правец. Семејството потврди дека Маре имала здравствени проблеми, односно не помнела ништо.

 

 

 



Share

Додади коментар