Приведен дилер на дрога во Велес
27-01-2021 ЦРНА ХРОНИКА
Вчера во 19.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Љ.Т.(41) од Велес, поради постеоње основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
По претходно добиени сознанија, а врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле неколку кутии и ќесиња со марихуана, бела прашкаста материја, грутчеста материја, наменети за улична продажба, како и дигитална вага, евра и денари.
Љ.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Додади коментар