Прегазени пешаци во Кавадарци и Велес и обид за труење во Велес

 

     Дваесет и пет годишниот Г.С од Кавадарци се здобил со телесни повреди вчера во 13.30 часот откако во него удрил автомобил марка „Пежо 206“. Како што информираат од СВР Велес, сообраќајната незгода се случила на ул. „7 ми септември“ откако патничкиот автомобил управуван од Л.С (66) удрил во пешакот.

 

Повредениот Г.С бил пренесен на лекување во ЈЗУ Општа болница Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила екипа од кавадаречката полиција.

                                                           Исто така во текот на вчерашниот ден околу 10 часот во Велес на ул. “Нада Бутнкошарова“ патнички автомобил марка “Фиат Пунто“ со велешки регистарски броеви управувано од С.Д.(36) од Велес удира во пешак Б.Ц.(75) од Велес, кој се наоѓал на улицата.

 

По незгодата повредениот пешак со возилото учесник во незгодата е однесен на лекарски преглед кај матичен лекар, а од таму е пренесен во ЈЗУ Општа болница Велес каде се константирани телесни повреди и по извршениот преглед е пуштен дома.  Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Велес.

 

„Вчера во 19.15 ч. во ЈЗУ Општа Болница - Велес е донесено лицето Ј.Ј.(28) од Велес, кој се затрул со испивање на половина литар „Доместос“ и 50 гр. „Арф“. По извршениот лекарски преглед е констатирано дека лицето е во животна опасност и истиот со возило на Брза Помош е однесено во Државна болница - Скопје на понатамошно лекување“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

А.Д



Share

Додади коментар