Пред својата публика во Кавадарци вчера прв солистички концерт одржа Диана Мирчевска на виолина. Мирчевска настапи во пијано придружба на професор Верица Давитарова, а нејзини гости беа виолинистите Иван Мицевски и Антон Бошковски, како и пијанистката Лилјана Стојковска. Младата виолинистка од Кавадарци денес е средношколец во музичкото училиште во Битола и е дел од класата на професор Зоран Маневски. Мирчевска основното музичко образование го стекна во ОМБУ Лазо Мицев Рале Кавадарци.
Таа беше ученик по виолина во класата на професор Ласко Атанасов. Мирчевска љубителите на класичната музика во Кавадарци ја паметат како учесник во сите културни манифестации, концерти и натпревари организирани од музичкото училиште, како и добитник на награди и признанија од државни и меѓународни натпревари. Синоќа за прв пат пред кавадаречката публика таа излезе со солистички концерт, но публиката се надева дека нема да помине многу време до следниот настап на виолинистката Диана Мирчевска.
Додади коментар