Разно изутринава кавадаречката Полиција го приведе Д.А. роден 1979 година познат како Драгуљчо инаку главен осомничен за разбојништвото извршено во Златара Ем Ес Голд.Д.А. утринава од Германија бил депортиран заедно со други азиланти на аеродромот Александар Велики во Скопје, а кавадаречката Полиција по дојавата за неговото влегување во земјава почнала да делува во 6 часот наутро.Полициски службеници го обиколиле неговиот дом, но Д.А. дал отпор и успеал да им побегне преку кровот.Полицијата се пуштила по неговата трага и по 500 метри одалеченост од семејниот дом лицето било пристигнато и уапсено на улица Мирче Ацев.Станува збор за осуденик на казна затвор во траење од две години.
Тој е еден од главните осомничени за кражбата во Златара Ем Ес Голд, потврдува за ктв ПС Кавадарци. Според информациите од таму Д.А. во текот на денешниот ден ќе биде спроведен до КПД Идризово.Во кавадаречката Полиција приведеното лице важи за еден од најпознатите сторители на тешки кривични дела сторени на подрачјето на Кавадарци и пошироко.Акциите најавивме дека ќе бидат интензивни што значи продолжуваме со такво темпо. Ќе се гонат сите сторители на крвивични дела потврдува Полицијата. Деновиве за акциите коментираат и кавадарчани. Велат дека конечно се мрдна од мртвата точка на која беа застанати расветлувањата на кражбите. Добро е што почна да делува Полицијата и еден по еден да ги расветлува случаите и приведува сторителите.Вака и нашата доверба е поголема кон Полицијата завршуваат со коментарите граѓаните.
M.M
Додади коментар