41 годишниот А.Т од Неготино заработи кривична пријава откако полицијата кај него пронашла опојна дрога и пари за кои постои сомнение дека се од продажбата на наркотици.
Од СВР Велес информираат дека при извршен претрес во домот и други простори кај лицето А.Т во Неготино биле пронајдени и одземени 1,5 килограми наркотична дрога марихуана, 20 таблети екстази, 36 шишиња метадон, како и околу 10 грама кокаин, околу 110 грама хероин, една дигитална вага и 36.000 денари, за кои постои сомнение дека потекнуваат од продажба на наркотична дрога.
Пријавениот А.Т наркотичната дрога ја продавал на лица -уживатели од подрачјата на Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Валандово и Струмица.
А.Т. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава за „недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстаници“ и истиот ќе биде предаден на надлежен судија за понатамошна постапка.
А.Д
Додади коментар