Пожар во домот за стари лица во село Чемерко - нема повредени
20-01-2025 РЕГИОН

Нема повредени во пожарот кој утринава околу 10 часот избувнал  во покривната конструкција на домот за стари лица д-р Јаневски во село Чемерско. Таму биле згрижени триесетина лица. Благодарение на брзата интервенција на територијалната против пожарна единица Кавадарци спречена е поголема трагедија.

 

Штитениците се транспортирани во кавадаречката болница со медицински возила и според изјавата на директорката на болницата, д-р Гордана Ѓорчева Камчева сите се во стабилна состојба во моментот на приемот.

 

 

Во болницата беше присутен и градоначалникот Митко Јанчев кој беше вклучен во координација на акцијата за транспорт на штитениците.

 

Од домот за стари лица упатија голема благодарност до градоначалникот Митко Јанчев, против пожарната служба и директорката на општа болница Кавадарци за брзата реакција.   

 

А.Д

 

 



Share

Додади коментар