Пет лица биле повредени синоќа, во две сообраќајки кои се случиле во Тиквешко. За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
-Едната сообраќајна несреќа била во 19.20 часот во Неготино, на крстосница на улиците „Мaршал Тито“, „Борис Кидрич“ и „Антигона“. Во неа, патнички автомобил марка „фолксфаген шаран” со кавадаречки регистарски броеви, управуван од Ѓ.Б.(61) од Кавадарци, удрил во пешакот Б.С.(83) од Неготино, при што му нанел повреди. По укажаната лекарска помош, повредениот бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, појаснува Додевски.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица од општа надлежност Неготино.
Десет минути подоцна се случила другата сообраќајна несреќа, на регионалниот пат Градско – Прилеп, на крстосницата за село Трстеник.
-Сообраќајката била помеѓу патнички автомобил марка „пежо”, со кавадаречки регистарски броеви , управуван од С.Н.(57) од Трстеник и патнички автомобол марка „цитроен” со скопски регистарски броеви, управуван од М.М.(25) од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот на патничкиот автомобил „пежо”, сопатничката Н.Н.(49) од Трстеник и возачот на патничкиот автомобил „цитроен” и сопатникот М.И.(22) од Скопје, информира Додевски.
По укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа Општа Болница Кавадарци, Н.Н. била препратена во Клинички Центар - Скопје, додека останатите биле пуштени на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица од општа надлежност Кавадарци.
С.Д
Додади коментар