Пемова и Китев обезбедија пратенички мандат

ВО фер и демократска атмосфера заврши гласањето на предвремените парламентарни избори во Вардарскиот регион е оценката на претседателите на општинските изборни комисии. Не биле регистрирани нерегуларности кои би наштетите на изборниот процес.

Во Кавадарци на гласање на 60 избирачки места  излегоа 23.534 граѓани или 72,88% од вкупниот број запишани избирачи 32.290. ВМРО-ДПМНЕ освои 11.706 гласа,, СДСМ 6739, ГРОМ-3.304, Коалицијата за позитивна Македонија -315 гласа, ВМРО-НП-232, Коалицијата Достоинство за Македонија 178, ДУИ-157 и СДПМ 125 гласа. Неважечки биле 666 ливчиња. Од Кавадарци пратенички мандат добија досегашната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ д-р Весна Пемова и кандидатот на СДСМ Бетиане Китев. Носителот на листата на ГРОМ Панчо Минов не ги освои потребните гласови за влез во парламентот.

ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи и во Неготино. На гласање излегле 77,81% од вкупниот број избирачи. За актуелната власт подршка дале 6.814 граѓани, а за СДСМ гласале 3842. ГРОМ доби подршка од 535 граѓани, КПМ-524, ВМРО-НП133.

Во Росоман гласале 2650 граѓани од вкупниот број 3360. Има 95 неважечки ливчиња, а за ВМРО-ДПМНЕ гласале 1.427 граѓани, за СДСМ 638, за ГРОМ-281, КПМ-104, 36 за ВМРО-НП, 21 за Достоинство, 9 за ДУИ и 16 за СДПМ.

Највисока излезност и на овие избори од општините во регионот е регистрирана во Демир Капија. Таму гласале 2751 граѓанин или 80,60% од вкупниот број избирачи 3413. Пребројани се 91 невачеко ливче, а во корист на ВМРО-ДПМНЕ гласале 1758 граѓани, додека за СДСМ; 709.

1197 гласа ВМРО-ДПМНЕ освои во Градско, а СДСМ 586 гласа. Овде на гласање излегле 2279 граѓани или 72,81% од вкупниот број избирачи. Евидентирани се 59 неважечки ливчиња.

Убедлива победа ВМРО-ДПМНЕ извојува и во општина Чашка. Освои 1711 гласа, додека за опозиционата СДСМ гласале 552. Гласале 62,95% од вкупниот број граѓани со право на глас.

1016 гласа за ВМРО-ДПМНЕ, 445 за СДСМ е исходот од гласањето во Лозово. Таму е регистриран одзив од 78,86% од вкупниот број избирачи.

 А.Данов



Share

Додади коментар