Осомничениот за тројното убиство е уапсен
11-11-2014 ЦРНА ХРОНИКА
Полицијата го уапси осомничениот за тројното убиство во Кавадарци. Претпладнево во полициска акција на градските гробишта е уапесен четериесет годишниот Тони Станоев зкој се сомничи дека во неделата го стори тројното убиство, пукаше во мајката и таткото на неговата поранешна сопруга и во нејзината помала сестра.
Тони бил следен од полицијата, а утрово го лоцирале наградските гробишта во Кавадарци. Се обидел да побегне и да пружи отпор но бил опколен од поголема група на полицајци. Било пукано во воздух за да го предупредат убиецот. За кратко време бил совладан и кај него е пронајден пиштолот со два куршуми за кој се верува дека е истиот со кој го стори тројното убиство .
А.Д
Додади коментар