Во текот на вчерашниот ден во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека околу 08.00 часот во Центарот за зависници во болницата во Кавадарци, О.С.(43) физички нападнал медицинска сестра. Се работи на расчистување на случајот , информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Тој ја потврди и кражбата на сеф од винарија во Демир Капија.
„ Ноќта на 09/10.09.2019 во СВР Велес било пријавено дека е извршена тешка кражба во винарија во Демир Капија. Според пријавеното, сторителите со употреба на сила влегле и го одзеле сефот. Се работи на расчистување на случајот“ додаде Додевски.
Вчера во периодот од 07.00 до 11.00 часот на територијата на СВР Велес извршена е контрола на возачите кои управуваат возило со брзина поголема од дозволената. Притоа, констатирани се вкупно 13 прекршоци, од кои шест во Велес, три во Кавадарци и четири во Неготино. За констатираните прекршоци на возачите им се изречени соодветни санкции.
Вчера во 13.30 часот во Неготино од страна на сопатник во возило извршено е неовластено снимање со мобилен телефон на полициски службеници додека извршување на контрола на возило и возачот. По документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава.
Додади коментар