Од билтенот на МВР: Татко го нападнал дечкото на неговата ќерка, сопруг физички ја нападнал сопругата

На 13.12.2023 во 18.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода М.В.(36) од кавадаречко село, затоа што во семејната куќа физички ја нападнал неговата 32-годишна сопруга и се заканувал на нејзиното семејство.

 

За настанот бил известен јавен обвинител, а М.В. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 13.12.2023 во 01.30 часот во ОВР Кавадарци, 22-годишен кавадарчанец пријавил дека во кавадаречко село бил физички нападнат од таткото на неговата девојка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 13.12.2023 во 19.30 часот во Полициска станица во Кавадарци, З.Р.(36) од Струмица пријавил дека на бензинска пумпа во Кавадарци се сретнал со К.М.(34) од Кавадарци да ги разледаат нивните возила и доколку се договорат да ги разменат. Според пријавеното, К.М. го земал возилото на З.Р. да го проба, а своето го оставил и не се вратил.

 

К.М. е повикан во полициска станица, со него бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава - информираат од СВР Велес.



Share

Додади коментар