Немања Крстиќ го извиси Фени и потпиша за Карпош Соколи
07-02-2017 СПОРТ

Немања Крстиќ сепак нема да игра за екипата на Фени Индустри во вториот дел од сезоната како што беше најавено. Младиот српски интернационалец (23год.-203см.), кој викендов требаше да го комплетира трансферот во клубот од Кавадарци, за што дал и согласност, во последен момент се премислил и одлучил да не ги испочитува деловите од пред-договорот кој му бил понуден од страна на раководството на Фени Индустри.

 

Што се однесува до Фени Индустри овој случај е затворен. Немања Крстиќ и дефинитивно нема да биде нов играч во кавадаречкиот клуб. Кога ќе се дознаат вон целост сите официјални причини за ваквиот пресврт во договарањето управата на Фени во целост ќе ја информира јавноста.

 

Оваа индиректно значи дека продолжува потрагата по играч кој би можел да одговори на барањата кои со себе ги носи играњето на позициите „три“ и „четири" за кои стручниот штаб на Фени Индустри предводен од Љупчо Малинков смета дека се најдефицитарни. До реализација на некој друг „странски договор" односно до ангажирање на нов странец, кавадарчани остануваат со „трилингот" Шарабидзе-Чешковиќ-Ѓекиќ.

 

Инаку Крстиќ првиот дел од оваа сезона го помина како играч на АБА лигашот од Бар, Морнар. Но по само шест месеци на престој во црногорското пристаниште, си замина дома со просек од 3.6 поени и 1.5 скока по натпревар во Лигата на Јадранот. По пристигнувањето во Македонија Крстиќ замина во редовите на Карпош Соколи каде тренерот Николиќ очигледно во него гледа замена за повредениот Вркиќ за кого сезоната заврши. Но останува прашањето каде е спортскиот Фер Плеј кога Скопјани се во прашање.

 

М.В

 



Share

Додади коментар