Најмладите покажаа одлично познавање на сообраќајот

Детската градинка „Рада Поцева“ од Кавадарци денеска го реализира квиз натпреварот „Весел детски семафор“ со подршка на општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Најмладите покажа одлично знаење од областа на сообраќајот.

По завршувањето на денешниот квиз натпревар беа доделени дипломи, признанија и благодарници, на учесниците во натправарот, на менторите и комисијата за едукација на децата. Наградите беа обезбедни од локалната самоуправа.

„Целта на овој квиз натпревар е едукација на дечињата и превентивно да се делува кај нив за да немаме жртви во сообраќајот, бидејќи најмладите се и најзагрозена категорија“ рече Диме Крстев, секретар на ОСБСП Кавадарци. Квиз натпреварот е заокружување на  серијата предавања во сите објекти на градинката, на кои децата се учеа безбедно да се движат по улица.

А.Д



Share

Додади коментар