Најава на зложба и промоција на монографија
11-02-2014 КУЛТУРА

И оваа година во чест на празникот на лозарите Св.Трифун Лазар Дојчинов повторно ќе ја почести кавадаречката публика со изложба карактеристична само за него.Дела во кој Дојчинов својствено за себе го слика гроздот, виното, целиот лозарски регион. Дојчинов е роден во Кавадарци, а акварелот е негова голема љубов и опсесија. Од 2004 година работи масло на платно, а самостојни изложби освен во Кавадарци досега има остварено и во Пробиштип, Кратово, Неготино и Баваниште Р.Србија.Учесник е во повеќе групни изложби и е добитник на бројни награди и признанија.

Неговата изложба ќе биде отворена во четврток на 13 ти во Музеј Галерија Кавадарци со почеток од 19 часот.Еден ден покасно во петок на 14 ти пак публиката во чест на празникот ќе ја почестат и директорот на Музеј Галеријата Петре Камчевски заедно со Јадран Манчев промовирајќи го своето најново дело книгата Кавадарци во објективот на старите фотографии.

За книгата пред публиката ќе зборуваат професор доктор Зоран Тодоровски историчар и публицистот Мишо Китановски. Промоцијата на Кавадарци низ објективот на старите фотографии ќе биде во кино салата при домот на културата Иван Мазов Климе со почеток од 19 часот.И двата настани се организирани во соработка со Локален Музеј Галерија Кавадарци, градоначалникот и советот.



Share

Додади коментар