Момче се фрлило од поткровјето на својот дом

Момче родено 1979 година од Кавадарци денеска на пладне се фрлило од поткровјето на сопствениот дом  и починало. Од полицијата го потврдија случајот, а не соопштија повеќе детали бидејќи подолго се вршеше увид на местото.

 

Била повикана екипа на итната медицинска помош но кога стигнале лекарите  момчето не давало знаци на живот. Бил направен и обид за реанимација на местото каде е починато и во кавадаречката болница, но без успешно.

 

Телото на починатото момче било предадено на обдукција.



Share

Додади коментар