Меморијалот „Сестри Китеви“ и годинава во рамки на „Тиквешки гроздобер“
07-09-2017 СПОРТ

 

Традиционално, секоја година во рамки на Тиквешкиот гроздобер се одржува меморијалниот кошаркарски турнир „Сестри Китеви“. И оваа година традицијата продолжува, па така екипите на Младост од Битола, КК Неготино од Неготино и домаќинот, екипата на Трокал ќе се борат за шампионскиот наслов на годинашното издание на меморијалот.

 

Официјалното отоврање на турнирот е закажано за сабота со почеток во 11 часот во спортската сала „Јасмин“, по што ќе започне и првиот натпревар.

 

Според предвиденото, ќе се игра по системот, секој со секој , односно ќе бидат одиграни три натпревари кои ќе го дадат името на новиот шампион на турнирот.

 

Организатор на настанот е општина Кавадарци, а вообичаено и оваа година признанијата на најдобрите ќе им ги врачи претставник од семејството Китеви.

 

М.В



Share

Додади коментар