КУД „Ацо Ѓорчев“ замина на Меѓународен фестивал во Бугарија
27-08-2013 КУЛТУРА

Триесет и двајца членови на КУД „Ацо Ѓорчев“ од Неготино, вчера отпатуваа на Меѓународен фолклорен фестивал во Две Могили – Русе, Бугарија. На фестивалот планирано е да настапат три пати со целосни кореографии подготвени од инструкторот Горан Трајков.

Кореографот Трајков вели дека овој фестифал е еден од позначајните за друштвото затоа што таму ќе се спојат многу различни култури и тоа од 8 држави.

„Нашето друштво ќе ја претстави Македонија, но и општина Неготино во најдобро светло. Младите играорци се спремни да дадат се’ од себе на настапите“ – потенцираше Трајков пред самото заминување.

Тој додаде и дека сите триесет и двајца учесници – членови на КУД „Ацо Ѓорчев“ ќе стекнат искуство од оваа турнеја и ќе запознаат повеќе различни култури, со што овој фестивал ќе биде значаен и за нив како индивидуи.

Фестивалот почнува денеска, а ќе трае четири дена. Учесниците ќе се вратат во Неготино на 29-ти.

  

Елена Данова



Share

Додади коментар