Кавадарчанка го пријавила својот партнер поради извршени полови дејствија врз нејзината малолетна ќерка
10-04-2024 РЕГИОН
Синоќа во 21.00 часот во ОВР Кавадарци 38-годишна кавадарчанка пријавила дека на почетокот на месец март врз нејзината малолетна ќерка било извршено полово дејствие од лице со кое била во љубовна врска и кое било полнолетно.
За настанот известен бил јавен обвинител и Центарот за социјални работи Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - информираат од СВР Велес.
Додади коментар