Кавадарчанец со секира ја повредил сопругата
15-05-2015 ЦРНА ХРОНИКА
Педесет и осум годишен кавадарчанец вечра попладне со секира ја нападнал неговата, една година постара сопруга додека таа работела во дворот.
Немилиот настан го потврдија и од СВР Велес. Портпаролката, Анита Стојковска информираше дека нападот во полиција во пријавил сопругот.
„Веднаш е излезено на лице место, констатирано е дека од засега неутврдени причини пријавителот и задал неколку удари во пределот на главата на неговата сопруга, при што се здобила со тешки телесни повреди. “ рече Стојковска.
Повредената жена била пренесена во кавадаречката болница од каде по укажаната помош е пратена во Градска хируршка клиничка болница Наум Охридски во Скопје.
A.Д

Додади коментар