Кавадарчанец нападнал полициски службеници

На 11.04.2020 година околу 20.30 часот на ул.„Глигор Прличев“ во Кавaдарци, Ј.Т.(26) од Кавадарци, кој бил запрен за легитимирање од
страна на полициски службеници, поради непочитување на забраната за движење, се однесувал агресивно и физички ги нападнал. Ј.Т. е лишен од слобода и по  документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава - информираат од СВР Велес.



Share

Додади коментар