Кавадарчанец измамен за 13.000 денари

30 годишен кавадарчанец вчера пријавил во ОВР Кавадарци дека е измамен од едно лице за сума од 13.000 денари.

 

„Според пријавеното, на 12.03.2023 лицето му се јавило и се договориле да изврши чистење на објект во с.Чашка, велешко. Како што е пријавено, лицето побарало од него пред да дојде во Чашка, во Росоман да ги даде парите на друго лице кое треба да ги однесе на лице во Неготино за наводен долг. Исто така, според пријавеното, тој ги дал парите, а откако стигнал во Велес лицето не му се јавувало на телефон, по што сфатил дека е измамен“ - информира портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев и додава дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. 



Share

Додади коментар