Исчезна 17 годишна девојка од Демир Капија
20-08-2014 ЦРНА ХРОНИКА
Полицијата трага по 17 годишната Ј.В.П од Демир Капија која во четвртокот излегла од својот дом и исчезнала.
Нејзината мајка, педесет годишната Б.П, на 16 ти овој месец пријавила во неготинската полиција дека нејзината ќерка е исчезната на 14 август околу 23 часот.
„МВР работи на пронаоѓање на исчезнатата девојка“ рече портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.
Додади коментар