Изложба на филигрански дела од Мирјана Николовска
05-09-2016 КУЛТУРА

Гостите кои дојдоа на Тиквешкиот гроздобер во Кавадарци можеа да уживаат и во изложбата на рачно изработени филигрански дела од Мирјана Николовска од Охрид. Изложбата беше отворена во рамки на свечениот прием што општина Кавадарци традиционално го приредува во повод гроздоберот за сите делагации од збратимените градови,  делегациите од пријателските градови и од Асоцијалцијата на карневалски градови.

 

Изложбата ја отвори директорот на домот на кулутурата „Иван Мазов Климе“; Владимир Темков.

 

„Со изработката на филигранските мотиви ја продолжувам традицијата на еден од најстарите  и најубавите македонски занаети кој се користел низ вековите. Филигранските дела се доказ за љубовте и умешноста на творецот во пренесувањето на една од најубавите техники преку својата мануфактурна умешност создавајќи префинети уникатни, оригинални и препознатливи дела од македонското културно  поднебје, во кои е зачувана традицијата, културата и македонското културно наследство“ вели авторот на изложбата  Мирјана Николовска.

 

Сите филигрански дела се изработени од компресирана хартија со срмен конец во златна и сребрена варијанта, украсени со циркони и оригинални охридски бисери.

A.Д



Share

Додади коментар