Изложба : „Прилеп низ стари фотографии“
16-04-2015 КУЛТУРА

Триесет фотографии  на стари прилепски мајстори на фотографијата раскажуваат  приказни за  животот на прилепчани  пред повеќе  од еден век, , за архитектурата, , трговијата, начинот на облекување  за традицијата за еснафот  и меракот. Триесет фотографии  обединети во рамката на изложбата „Прилеп низ стари фотографии“ денеска беше отворена во Музеј галеријата во Кавадарци. Во нив се наоѓа и најстарата фотографија на Прилеп која датира од 1888 година која ја фотографирал  историчаротр, дипломат и астроном Спиридон Гопчевиќ како и фотографиите на  Христо Димкароски, Михајло Тодорчески- Мице,Јосиф Силјаноски – Американецот, Кирил Силјаноски – Киц, Пане Напески, Кирил Миноски и многу други. Со изборот на фотографиите за оваа изложба  авторот Рубинчо  Белќески   сакал  да го прикаже старо Прилеп и неговите стари и препознатливи обејежја од самиот почеток на појавата на фотографијата на овие простори.

Мирјана Мукаетова



Share

Додади коментар